Македонија утрово беше зафатена од снежен бран, кој го донесе и првиот снег за почеток на зимската сезона.

Снег врне скоро на сите повисоки планини, а според видео камерите поставени од  „skimacedonia.mk“,  се забележуваше и првата утринска снежна покривка на поголемите ски центри во Македонија. Маврово, Попова Шапка, Пелистер со Нижеполе се под снег.

Во наредните денови се очекува со снежна покривка да бидат покриени речиси сите планински предели во Македонија, а тоа значи дека и превоите каде се одвиваа сообраќајот ќе бидат места каде ќе се очекува и снежна покривка. Сето ова ке има дополнително влијание на одвивањето на сообраќајот.

Затоа во пресрет на зимската сезона и препорака до сите кои патуваат преку овие превои, целосно да се почитува патната сигнализација, внимателно возење и секако носење на зимска опрема.