Започна Европската недела за помалку отпад

0
75

Од 20 до 26 ноември се одбележува Европската недела за помалку отпад,  во чии рамки се вклучува и Република Македонија. Во рамките на неделата за помалку отпад ќе се организираат стотици настани низ цела Европа.

Европската недела за намалување на отпадот како иницијатива е насочена кон промовирање на активности за подигање на свеста за одржливо управување со ресурсите и управување со отпадот, која поттикнува голем број на учесници (јцентрална и локална власт, приватни компании, граѓански организации, поединци) и иницира нивно вклучување во програмата.

Како дел од активностите во кои е вклучена Македонија во Европската недела за намалување на отпадот, денес  во ЕУ Инфо Центарот во Скопје ќе биде одржана дебата на тема „Дали го селектираме отпадот во нашите домови“.

Целта на дебатата е отворање јавен дијалог за управувањето со отпадот во домаќинствата со фокус на искористеното масло за јадење, развивање свест за последиците и придобивките од (не)селектирање на отпадното масло за јадење, поттикнување соработка и вмрежување на клучни фактори на системот и презентирање на добри практики.