Во борбата против климатските промени велосипедист руши светски рекорди!

Мајкл Штрасер, познат велосипедист и првиот велосипедист кој се приклучи на кампањата “Планински херои” на ОН за животна средина, вози велосипед непрекинато веќе две недели.

Која е неговата цел?

Постигнување на нов светски рекорд, со велосипед од Аљаска до Патагонија (Јужна Америка), преку најдолгиот копнен пат.  Експедицијата на Штрасер во должина од  23.000 километри не е само подвиг  на сила и издржливост, туку има за цел да покаже како со личен избор на превозот можеме да ги ублажиме климатските промени.

Австрискиот архитект Штрасер ја започна експедицијата на 23 јули и сега моментално се наоѓа во Канада. Неговите меморандуми од патувањето вклучуваат време поминато на велосипед, како и детали за одалеченоста и надморската височина. Во истите ги опишува и потешкотиите со кои се соочува на своето долго и предизвикувачко патување. Осврнувајќи се на шумскиот пожар кој избувнал во близината на неговата патека, Штрасер ќе забележи: ”Вчера, проклетиот чад се врати во раните утрински часови. И додека сеуште бев лут на многу лошите патишта, се појави мала црна мечка со насмевка на усните”.

Зголемувањето на загадувањето и влијанието на климатските промени ги загрозија планинските еко-системи. Глечерите низ коишто патува Штрасер се намалени за речиси една третина од 1960-тите години, покажувајќи видлива загуба во мразот и снежната покривка. Заедно со кревката биолошка разновидност во овие области, повлекувачките глечери се  еден од најсигурните извори на свежа вода за пиење на Земјата.

Велосипедистот се надева дека ќе инспирира акција за заштита на планинските екосистеми, кои обезбедуваат чиста и безбедна  вода низ целиот свет.

”Ако јас можам да поминам 23.000 километри со велосипед, тогаш секој од нас мислам дека би можел да помине еден до два километри дневно, но не со автомобил. Кога секој од нас би дал малку, заедно би можеле да дојдеме до нешто големо” – ќе изјави меѓу другото, познатиот велосипедист.

Да му посакаме среќа и успех на претстојното патување!