Во Турција официјално започна изградбата на третиот нуклеарниот реактор, на првата нуклеарна центала во Турција. Ова во средата на 10.03.2021 година, официјално го презентираа претседателите на Турција, Реџеп Таип Ердоган и на Русија Владимир Путин. Ердоган и Путин разговарале преку видео конференција, а говорејќи од Москва, Путин ја нарече нуклеарната централа вистински врвен проект.

Турскиот претседател Ердоган истакнал дека нуклеарната централа ќе ја вклучи Турција во лигата на земји со нуклеарна енергија и ја нарече симбол на турско-руската соработка. Тој додал дека првиот реактор ќе започне со работа во 2023 година, што се совпаѓа со 100-годишнината од современата турска држава, пренесе АП. Меѓу другото претседателот Ердоган истакнал и дека “Нуклеарната енергија е стратешки чекор за енергетска безбедност” и дека соработката меѓу Анкара и Москва игра клучна улога во регионалната стабилност.

По потпишувањето на спогодбата за соработка помеѓу Турција и Русија во 2010 година, во 2018 година се започна со реализација на проектот за изградба на нуклеарната централа. Изведбата на овој проект и е доверена на Русија и планирано е да се изградат вкупно четири реактори.

Нуклеарната централа е лоцирана во јужниот дел на Турција на брегот на Средоземното море во провинцијата Мерсин во местото во Акују.

Извор: https://www.power-eng.com/nuclear/russia-turkey-collaborate-on-nuclear-reactor-construction-project/#gref