(ВИДЕО + ФОТО) Необично пријателство: 700 kg тежок мечoк во прегратките на својот најдобар пријател

0
1161

Mечoкот Jimbo пораснал во прифатилиштето за диви животни во Њујорк, а сопственикот на прифатилиштето Jim Kowalczik најмногу е загрижен за него, кој е и негов најдобар пријател.

Шеесетгодишниот Jim Kowalczik, го прифатил Jimbo, кој уште како младенче бил пронајден повреден.

Во изминативе 22 години двајцата се неразделни пријатели, играат и се галат, иако Jimbo тежи околу 700 килограми.

Jimbo е еден од 11-те мечки кои живеат во ова прифатилиште за диви животни. И тој и останатите се прифатени како младенчиња поради повредите кои не им дозволиле да преживеат во дивината.