Садењето дрвја е инвестиција во зелената иднина и чиста животна средина. Подобрувањето на животот на жителите на општина Кисела Вода, како што истакнува градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски, претставува главен приоритет во неговото работење.

Со зазеленувањето на Усје со 1200 аризонски чемпреси на површина од 5000m2, се создава  и природен филтер против загадувањето.

Аризонскиот чемпрес е дрво кое најдобро одговара на временските услови, а за некоја година ќе бидат вистински бели дробови на овој простор кои ќе штитат од загадување.

Ова треба да претставува почеток на еколошки активности, кои ќе придонесат Кисела Вода да стане подобра, поубава, чиста и зелена општина во која ќе биде горд секој нејзин жител.

Изор: https://www.facebook.com/1OrceGj