Светскиот ден на здравјето се одбележува секоја година на 7 април и секоја година скренува внимание на специфична здравствена тема која ги загрижува луѓето ширум светот.

Темата за 2021 година е „Изградба на поправеден, поздрав свет“.

Датумот, 7 април е годишнина од основањето на Светската здравствена организација (СЗО) во 1948 година. За оваа 2021 година, СЗО забележува дека КОВИД-19 истакнал дека некои луѓе можат да живеат поздрав живот и да имаат подобар пристап до здравствените услуги од другите луѓе – што целосно се должи на условите во кои тие се родени, растат, живеат, работат и стареат.

Во целиот свет, некои групи се борат да врзат крај со крај со малку дневни примања, имаат посиромашни услови за домување и образование, помалку можности за вработување, доживуваат поголема родова нееднаквост и имаат малку или воопшто немаат пристап до безбедни средини, чиста вода и воздух, безбедност на храна и здравствени услуги. Ова доведува до непотребно страдање, до болести кои можат да се избегнат и предвремена смрт, наведува СЗО и им штети на нашите општества и економии.

СЗО ги повикува лидерите да обезбедат секој да има услови за живот и работа што се погодни за добро здравје – оваа кампања ќе биде покрената на веб-страница посветената на Светскиот ден на здравјето 2021 година.

Извор: https://www.who.int/campaigns/world-health-day