Според последните податоци од 2020 година  на IQAir кој споредува податоци за нивото на ПМ 2.5 во  воздухот и го рангира воздухот во Скопје како  умерено загаден и Скопје е рангирано на 380-то место во светот, информираат од Град Скопје.

                         Извор: Град Скопје

-За целите на конкретниот извештај, IQAir го споредува нивото на ПМ 2.5 во воздухот. Овие честички се значајни за загадувањето на воздухот, а се мерат и со скопските државни мерни станици, покрај останатите кои го определуваат квалитетот на воздухот. Оваа платформа ги мери и останатите вредности но заради „тежината” на овие суспендирани честички, на кои им се препишуваат бројни смртни случаи, овој годишен извештај се темели и споредува само податоци за нивото на ПМ 2.5 во воздухот. Според рангирањето на IQAir, воздухот во Скопје е умерено загаден.

Доколку се земат превид само главите градови, Скопје се наоѓа на 17-то место оваа година и во споредба со 2018 година, од кога излегува ваквиот извештај кога Скопје бил на 16-то место, има подобрување за едно место.

Ако во 2018 година, во Скопје се измерени 34.0 µg/m³ ПМ 2.5 честички, оваа бројка во 2019 паѓа на 32.4 µg/m³ ПМ 2.5 во воздухот а во 2020 имаме 30.6 µg/m³.