Стартап компанијата Neuralink во сопственост на милијардерот Илон Маск реализира проект каде преку имплантиран чип во мозокот на мајмунот, со вградени човечки особини може да контролира компјутер т.е. да игра видео игра.

На 3-минутното видео е прикажан мајмунот кој има вградени чипови на секоја страна од мозокот и со помош на мислите ја игра видеоиграта Mind Pong.

Neuralink ги евидентира и декодира електричните сигнали од мозокот на мајмунот користејќи две илјади електроди вградени во делот на мозокот што ги координира движењата на рацете, се вели во видеото.

Компанијата е основана во 2016 година во Сан Франциско, а нивниот план е да всадат безжични чипови во мозокот за да се помогне во лекувањето на невролошки состојби како што се Алцхајмеровата болест, деменција и повреди на ‘рбетниот мозок и да го поврзе човештвото со вештачката интелигенција.

„Уредот е изграден во согласност со черепот и се полни безжично, така што изгледате и се чувствувате сосема нормално“, и „Првиот производ на Neuralink ќе им овозможи на луѓето со парализа да контролираат паметен телефон побрзо отколку што некој може да ги користи прстите“, објави Маск на Twitter.

Извор: https://www.youtube.com/watch?v=rsCul1sp4hQ&t=180s