Во областа Ратнапура, Шри Ланка која е богата со скапоцени камења и претставува најголемиот извор на ѕвездени сафири во светот, пронајден е досега најголемиот син сафир во светот.

Експертите од оваа област кои го испитувале сафирот истакнуваат дека тој е еден од најретките скапоцени камења во светот и тежи повеќе од 300 килограми.

Сафирот е изложен во Хорана, место 65 километри јужно од Коломбо, главниот град на Шри Ланка, во домот на еден од сопствениците на рудникот за скапоцени камења. Пред да биде изложен скапоцениот камен на јавноста, група будистички монаси пеејќи молитва го благословиле каменот.

Минатата година Шри Ланка заработила половина милијарда долари од извоз на скапоцени камења, дијаманти и други камења.