Шкотска би можела да биде првата земја во Обединетото Кралство која ќе ги забрани пластичните чепкалки за уши. Новата предвидена мерка би можела да го забрани и производство и продажбата на загадувачките пластични парчиња, откако еколошката добротворна организација “Фидра” неодамна пронашла стотици пластични чепкалки за уши на плажата Гулане.
Според Секретарот за животна средина, Roseanna Cunningham, луѓето продолжуваат да фрлаат отпадоци по нивните тоалети и ова мора да престане.
Оттаму информираат дека шкотската канализациона инфраструктура собира и обработува околу 945 милиони литри отпадна вода секој ден и не е дизајнирана за отстранување на мали пластични предмети како што се пластичните чепкалки за уши, кои можат да убијат морски животни и птици со проголтување.
Како што пренесува The Guardian, владата на Шкотска планира да го забрани производството и продажбата на пластичните чепкалки за уши, сметајќи дека на таков начин загадувањето на океаните со пластика ќе се намали за половина.
Гардијан објави дека повеќето големи производители ја направиле промената во биоразградливи хартиени чепкалки, но помалите трговци сè уште ги продаваат пластичните чепкалки за уши.