Големото присуство на штркови во с. Стојаково, општина Богданци беше одлична провокација за месната заедница од селото да ги преброи активните гнезда на штрковите. Со пребројувањето се констатира дека во Стојаково има вкупно 47 гнезда на штркови од кои 94 возрасни и 163 млади штрка.

Месната заедница на својот ФБ профил објави “ Штрковите населуваат еколошки чисти средини, што значи дека Стојаково максимално ги исполнува нивните услови за живеење. Селото Стојаково е рамничарско село и има две големи предности: прво, има доволно безбедни места за гнездење, речиси повеќето од гнездата се на далноводи, на кои често има платформи за штркови поставени од „ЕВН Македонија“, и второ, околните обработливи површини, близината на Вардар и влажните ливади околу локалитетот Ѓол и Ѓиренот нудат доволно храна за штрковите”.