Почетна Зелени технологии Прва населба со печатени 3Д-куќи!

Прва населба со печатени 3Д-куќи!

0
62

Во американскиот град Ранчо Мираж, Калифорнија, наскоро треба да почне изградбата на нова населба, во која сите куќи ќе бидат целосно отпечатени.
Иако големите 3Д-печатачи сѐ повеќе се користат во градежништвото, досега не било случај да се гради цела населба (15 куќи) со ваква технологија.
– Ова е актуализација на нашата визија за иднината на градењето – вели Алексиј Дубов, коосновач на градежната технолошка компанија „Мајти билдингс“, која учествува во овој необичен проект.
Предностите на овој метод на градба, односно печатењето, се во тоа што може да се автоматизираат 80 проценти од градежните работи, што го намалува бројот на работни часови за дури 95 проценти, со десет пати помалку отпад во споредба со традиционалната градба. Домашните делови ќе бидат отпечатени во нивниот голем магацин во Оукленд, со користење големи 3Д-печатачи, со големина на помала гаража, со користење брзонамалувачки материјал (комбинација на железо, гипс-картон…), за да можат надворешните sидови, изолацијата и покривот да се направат во еден процес.
Капацитетите на компанијата се такви што една куќа поголема од 30 квадратни метри може да се испечати за само 24 часа. Интересно е што понекогаш печатачите работат на делови од куќата прекуноќ, додека сите работници спијат. Од „Мајти билдингс“ велат дека повеќе се ограничени со транспортот на нивните печатени згради отколку со можностите на печатачот.

Куќите што ќе бидат изградени и поставени во Ранчо Мираж ќе имаат два дела. Едниот ќе се состои од три соби и две бањи, додека другиот дел ќе има уште две соби и бања. Покрај куќа, секоја парцела во таа населба ќе има базен во дворот, а за дополнителен надомест ќе има и можност за поставување тушеви на отворено, кади со џакузи, камини и сл. Цената ќе биде 595 илјади долари за основната конфигурација на куќа со три соби и две бањи, додека оние што сакаат дополнителни две соби и бања ќе треба да платат 950 илјади долари.
Според „Гардијан“, 3Д-печатењето може да биде решение за кризата со недвижности во Калифорнија, бидејќи експертите предвидуваат дека, заради очекуваното зголемување на населението во таа област, ќе бидат потребни меѓу 1,8 и 3,5 милиони нови станбени единици до 2025 година.

Извор: https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/magazin