ПРОМЕНЛИВО И ОБЛАЧНО, СО УСЛОВИ ЗА ДОЖД И ГРМЕЖИ

УХМР за денеска предвидува, променливо облачно и потопло време, со долги сончеви периоди.  Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер. УВ зрачењето ќе изнесува 7. Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 – 17, а дневната од 23 – 30 степени Целзиусови.

Прогнозата за утре, сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде 9, а максималната ќе достигне 32 степени Целзиусови. УВ – индексот ќе изнесува 8.