Почетна Новости Корисни совети Пред вакцинирање мора да знаете! Зошто вакцина? Со која вакцина? Што по...

Пред вакцинирање мора да знаете! Зошто вакцина? Со која вакцина? Што по вакцинирањето?

0
245
Hand in blue glove holding vaccine and syringe injection for prevention, immunization and treatment from corona virus infection.

Со пристигнувањето на 24.000 вакцини од “Астра Зенека” во рамките на “Ковакс механизмот”, започнува и масовната вакцинација во Македонија. Дека состојбата е алармантна говори фактот дека за последните три дена над 100 македонски граѓани ја загубија битката со Ковид-19, а бројката на заразени лица секојдневно расте што придонесе болниците да се полнат со пациенти кои имаат тешка клиничка слика.

Масовната вакцинацијата на населението треба да започне в среда во вакциналните пунктови во здравствените домови.

Први на листата за вакцинацијата со “Астра Зенека” се лицата над 75 годишна возраст, со хронични болести, како и попишувачите. Лекарската комора вчера побара пациентите со автоимуни и инфламаторни ревматски заболувања да имаат предност за вакцинацијата во однос на општата популација.

Викендов голем број македонски граѓани ја искористија можноста да се вакцинираат во Република Србија со вакцините на “Астра Зенека” и веќе ја примија првата доза на вакцината „Астра Зенека“, како и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да бидат исклучително внимателни и да продолжат да ги почитуваат мерки, бидејќи е потребно време за да се создаде имунититет.

„По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена“, советуваат од Министерството за здравство.

Најчести несакани ефекти по примање на вакцината се: болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 10 % од вакцинираните. Поретко се јавува алергиска реакцијa. Најчесто, несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата.

Околу ефикасноста на вакцините кои во моментов се аплицираат и имаат дозвола за употреба има различни мислења. Деновиве со мислење излезе  д-р Горан Кунгуловски  од  Лабараторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“. “Вакцините на Фајзер/Бионтек и Модерна имаат 95% ефикасност против симптоматска болест, вакцините на Астра Зенека и Џонсон и Џонсон имаат 70% ефикасност против симптоматска болест после една доза. “Спутник В” има најверојатно 90% ефикасност против симптоматска болест, додека пак вакцината Синофарм има 70% ефикасност против симптоматска болест. Ефикасностите се пресметани најмалку 3 недели до 8 недели после примање на првата доза. Вакцините Фајзер/Бионтек, Модерна, АстраЗенека, Џонсон и Џонсон, Спутник В и Синофарм имаат 100% или блиску 100% ефикасност против смрт од Ковид-19“.

„Затоа вакцинирајте се со првата вакцина што ќе стане достапна за да не умрете. Вакцините почнуваат да делуваат најрано 3 недели после примање на првата доза и понатаму ефикасноста им се зголемува“, вели д-р.Кунгуловски.