ПОРАДИ ЗАГАДЕНОСТ ВОДАТА ВО ПРИЛЕПСКО НЕ Е ЗА УПОТРЕБА

Во неколку прилепски села, меѓу кои: Ерековци, Тополчани, Кадино село, Чепигово, Тројкрсти, Канатларци и Крушеани, целосно е загадена водата од селските водоводи.

Заводот за јавно здравство со препорака до жителите на овие населени места, да не ја користат водата, бидејќи, истата хемиски и бактериолошки е неисправна. Загадената вода не е безбедна, ниту за лична употреба, ниту за напојување на добитокот. Задолжително е десет минутно превривање пред било какво користење.

За пиење, да се користи исклучиво флаширана вода, а во текот на денот, на жителите на овие населени места, за останатите потреби ќе им биде обезбедена и дополнителна вода во цистерни.