Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,понеделник 29.11.2021 година, без електрична енергија ќе бидат делови од општините Зелениково и Студеничани.

Според информирацијата од Регионалниот центар за управување со кризи, од 8 до 13 часот без струја ќе бида корисниците од дел од село Градовци, Oпштина Зелениково, а од 9 до 13 часот, корисниците од дел од село Долно Количани и делот кон гробиштата, Oпштина Студеничани.

Во вторник, 30.11.2021 година, без струја ќе бидат корисниците од селата Миладиновци, Текија и Дељадровци во Општина Илинден во периодот од 08:30 до 15:30 часот.