Папата Франциско во борба против пластичното загадување!

Папата Франциско со намера да ја поттикне глобалната заедница за спас на човештвото, излезе со апел за превземање на итна иницијатива за спречување на натамошно исфрлање пластика во морињата и океаните.

Во изјавата на поглаварот на Католичката црква стои дека човештвото не смее да дозволи морињата и океаните да бидат извалкани со “бесконечни полиња од човекова пластика”. Тој наведе дека христијаните и сите останати луѓе на планетава треба да се заложат и работат за зачување на “Големиот дар од Бога”, мислејќи на водните површини и животот во нив. Како што вели, проблемот со пластиката претставува опасност како за човештовото, така и за морскиот свет.

Во просек, секоја година водите се загадуваат со нови осум милиони тони пластика.

За потсетување, ова не е прв пат папата да се огласи за еколошките проблеми. Во 2015 година папата Франциско објави документ во кој предупреди за последиците од глобалното затоплување, за кое вели дека е предизвикано од човекот.