Луѓето кои живеат во мали станови се соочуваат со проблемот  – мал простор за машина за перење садови во кујната.

Heatworks ја претстави новата компактна и без резервоар Tetra – машина за перење садови, која е вистинско изненадување и радост за луѓето кои живеат во станови со мал и тесен простор во кујната. Според тимот на Heatworks, ако едно двочлено семејство се префрли од рачно перење на садови на Tetra машината, може да заштеди 5678 литри вода годишно.

Оваа машина за перење садови, која според Heatworks ќе чини помалку од 300 долари, е со големина на мала микробранова печка, која не се поврзува со водоводниот систем во домот. Едноставниот дизајн што опфаќа рачно полнење со вода има големи придобивки, бидејќи им овозможува на корисниците да имаат увид во тоа колку вода ќе искористат за едно перење, но и да заштедат вода и пари за сметки за вода.

Типично за овој мини уред е тоа што едно перење трае само неколку минути и користи околу половина литар вода. Честото користење на детергент исто така се намалува, бидејќи внатрешниот резервоар за детергент со едно полнење може да се искористи за десетина циклуси на перење. Друга интересна функција е транспарентноста на машината, која овозможува да го следите циклусот на перење.

Стандардните машини за перење садови се дизајнирани да соберат повеќе предмети, што е одлично за големи семејства. За разлика од тоа, Tetra која има капацитет да собере 13 чинии или комбинирано неколку чинии, чаши и друг прибор за јадење, е наменета за мали домаќинства од две или три лица кои немаат простор за машина за перење садови и се насочени кон штедење.