Од недела 28.03.2021 година почнува летното сметање на времето.

Владата на вчерашната седница донесе одлука да се утврди летното сметање на времето кое оваа година започнува на 28 март во 02:00 часот.

Часовниците треба да се поместат еден час напред, од 02:00 на 03:00 часот.

Европскиот Парламент во 2019 година, со големо мнозинство се изјасни за престанок на поместувањето на часот во 2021 година. Но одлуките останаа кај владите на државите членки на ЕУ, кои треба да одлучат дали трајно ќе го задржат летното или зимското сметање на времето.