Културата на живеење  и односот кон природното богатство редовно можеме да го видме после секоја еко-акција на нуркачите кои вадат големи количини на отпад од Охридското Езеро. Стари автомобилски гуми, покуќнина како стари фрижидери, машини за перење, стoлици, маси, конзерви, пластика, делови од облека редoвно се на “менито” на отпадот од езерото.

Нуркачите од клубот „Охрид“ при  чистењето на Охридското Езеро на потегот пред ресторанот „Кај местоно“ во Пештани, собраа околу триесеттината вреќи смет, кој потоа ги подигна екипа на „Охридски Комуналец“.

Следниот викенд екипа на Клубот за подводни дејности „Охрид“ заминува на еко акција во Дојран, а потоа се враќаат на чистење на езерското дно во Трпејца и Охрид.

Акцијата во Охрид ќе биде поддржана од Европската Унија но други еколошки друштва и граѓани.

Извор: https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/trieset-vrekji-smet-izvadija-nurkachite-od-ohridskoto-ezero/