НУЛА ОТПАД со искажана благодарност до сите дечиња, родители, воспитувачи и наставници, како и до нивните партнери кои учествуваа во едукативната мисија за чиста и здрава животна средина за сите, денес ги објави добитниците на награди на Е- Капитолијада 2021!

По објавениот јавниот конкурс на НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром, за изработка на маски од електричен отпад а со цел јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, пристигнаа голем број на пријави.

Првите три награди се доделени на:

1 место – Јаков Ѓорѓиевски

2 место – Ангела Бандевска

3 место- Никола Теоларов

НУЛА ОТПАД им благодари на сите кои испратија слики и учествуваа во изборот на маска од електричен отпад, а за сите останати учесници ќе додели Благодарници за учество во Е-Капитолијада.