НУЛА ОТПАД породолжува да поставува нови локации, каде граѓаните ќе можат да ги отстрануваат старите отпадни батерии од домот. Една од новите локации е кафетеријата и игротека “Мојот свет”, каде и најмладите можат да бидат дел од процесот на еколошкото размислување и функционирање.

Од НУЛА ОТПАД препорачуваат:

– Стоп, застани, не фрлај ги старите батерии со останатиот отпад!

– Собери ги старите батерии од твоите играчки и од другите уреди во домот и донеси ги на твојата омилена локација за играње!

– Децата што селектираат избираат подобра иднина!

– Од нас зависи!

Преку ЕКО-ЛИНИЈАТА 070 236 000–  граѓаните и компаниите на територијата на нашата држава можат секој работен ден да пријават електричен и електронски отпад и правилно да се ослободат од истиот. Со едноставно јавување, екипите на НУЛА ОТПАД вршат бесплатно преземање на отпадот од прагот на домот. Уредите треба да се исклучени од вода и струја и да се на достапно место за преземање.