Природната катастрофа која ја зафати Австралија, со полави кои се случуваат еднаш на 100 години, предизвика мобилизација во многу области на државата. Делови од северо-западен Сиднеј веќе се евакуирани поради предупредувања за поплави предизвикани од обилните дождови. Овие предупредувањата за поплави се на сила во најмалку 12 области на Нов Јужен Велс, најнаселената австралиска држава со осум милиони луѓе.

Според метеоролозите кои истакнуваат дека обилните дождови кои продолжуваат и во текот на оваа недела, во делови од Сиднеј и околината може да се очекуваат и врнежи од дожд до 200 мм.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан предупредила дека вакви временски неприлики се случуваат еднаш во 100 години, како што пренесува Би-Би-Си.

Во текот на вчерашниот ден само во пртпладневните часови беа пуштени 40 предупредувања за поплави и 20 наредби за евакуација од средниот северен брег кон регионот Илавара, на околу 600 километри на југ, вклучувајќи го и западниот дел на Сиднеј.

Од поплавените подрачја веќе се евакуирани илјадници лица и околу 54.000 жители кои може да бидат зафатени со поплавите бидејќи Нов Јужен Велс се соочува со уште најмалку два дена поројни дождови, вчера изјави сојузниот министер за управување со вонредни состојби Дејвид Литлпруд.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, изјави дека вкупно околу 18.000 лица се евакуирани од своите домови, од кои 15.000 се во некои области околу Порт Меквари, каде за шест дена се регистрирани речиси 900 милиметри паднат дожд на метар квадратен.

Илјадници лица се евакуирани од западниот дел на Сиднеј и средниот северен брег на Нов Јужен Велс, бидејќи поројните дождови и денеска продолжија да паѓаат во оваа источна австралиска држава, јавува ДПА.