Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на одредени  места врнежите ќе бидат пообилни и поројни и ќе достигнат и над 15 л/м2. Врнежите ќе бидат, проследени со појава на ретки грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните температури во Македонија ќе се движат од 4 °C до 9 °C, а максималната темпераура  ќе достигне од 14 °C до 20 °C.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8 °C, а максималната ќе достигне до 16 °C.

Од утре, среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Во среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот.