По повод 22 април денот на Планетата Земја, најмладите ни ги праќаат нај искрените пораки за нејзино сочувување. Учениците од II-1 oд ООУ “Крсте Мисирков” од Скопје со свои ликовни изработки, еко песна и интегрирани содржини ни ги испратија своите еко пораки. “Сакаме Земја со цвет, а не со смет”, ова е една од еко пораките која ни ја испратија најмадите од училиштето “Крсте Мисирков”. Во овие активности со своја поддршка беа вклучени и родителите на учениците а координирани од одделенскиот наставник Сузана Тошевска.