Во Дубаи е отворен најдлабокиот базен за нуркање во светот, во кој посетителите ќе можат да се спуштат и до 60 метри длабочина, во потонат град и да играат забавни игри. Базенот е дизајниран во форма на школка и воедно е најголемото подводно филмско студио во регионот. Нуркачите се спуштаат во потонатиот град со звуци и осветлување. На патот надолу се наоѓаат две суви соби исполнети со воздух, а посетителите можат да избираат дали ќе нуркаат со боца или без неа.

Базенот, кој е голем колку шест олимписки базени, потврден е како најдлабок базен за нуркање во светот во Гинисовата книга на рекорди. Базенот е 15 метри подлабок од било  кој друг базен во светот..

Извор: https://www.youtube.com/watch?v=CExCUcy2_do&t=21s