Во студијата објавена во научното списание “Nature Communications”, се наговестува дека дождовите ќе ги заменат снежните наноси на Арктикот, неколку децении порано отколку што се претпоставуваше. Оваа промена предизвикана од глобалното затоплување ќе има голе,о влијание и последици и надвор од просторот на Арктикот.

Арктикот се загрева многу побрзо од остатокот од планетата. Морскиот лед се топи многу брзо, што додава влага во воздухот и се влијае на зголемената количина на дождови. Споредувајќи ги најновите проекции со претходни климатски модели, студијата објавена во “Nature Communications” проценува дека преминот од снежни врнжеи во врнежи од дожд ќе се случи една или две децении порано од очекуваното.

За време на есента  на Арктикот се случуваат најголемите промени и според најновиот модел на проекции во централниот дел на Арктикот, снежните врнежи може да преминат во врнежи од дожд и тоа околу 2070 година. Претходната проценка беше дека тоа би се случило околу 2090 година, истакнува главниот автор на студијата, Меккристал.

Секако, се зависи од степенот на глобалното затоплување, а со моменталното темпо на загревање, дождот може да преовлада над снегот над Арктикот пред крајот на овој век, се истакнува во студијата.