Мој воздух, со три нови мерни сензори кои мерат параметри на загаден воздух!

Мој Воздух, во својата на Facebook страна објави дека покрај мерните станици од Pulse.eco проектот – поставени се три нови мерни сензори кои мерат параметри на загаден воздух и тоа на плоштадот “Македонија” во Скопје, во населбата Железара во Скопје, како и на Широк Сокак во Битола.

Апликациите отсега можат да се видат преку апликацијата МојВоздух.

Останува отворено прашањето, кој е задолжен во државата за монитотинг на состојбите со квалитетот на воздухот, како и објаување на податоци во јавноста кои треба да бидат и официјални податоци.