Почетна Новости Европа Митови и вистини: Чернобил – 35 години подоцна!

Митови и вистини: Чернобил – 35 години подоцна!

0
55

Пред точно 35 години, се случи нуклеарната катастрофа во Чернобил, тогашен СССР, а денешна Украина. Овој настан е детално истражуван, но сè уште кружат многу митови. Колку е вистината во нив? Дел од одговорите се дадени од Deutsche Welle.

Дали Чернобил е најголемата нуклеарна катастрофа на сите времиња?

Меѓународната скала на хаварии како и несреќи во нуклеарните постројки има седум степени. Во седмата категорија се „катастрофални несреќи“(major accident) што значи ослободување на радијација со тешки последици по луѓето и природата. Досега во оваа категорија класифицирани се само инцидентите од Чернобил (1986) и Фукушима (2011). Во рамките на овој седми степен, меѓународната систематизација не предвидува споредби.

Ако под „атомска катастрофа“ не подразбираме само хаварии во нуклеарните централи, туку на сите радиоактивни емисии предизвикани од човекот, тогаш имало и далеку полоши настани во историјата, истакнува професорката Кејт Браун (Kate Brown) од престижниот технолошки институт во Масачусетс (МИТ).

„Американските и советските фабрики кои произведуваа плутониум за атомските бомби секој работен ден испуштале по 350 милиони кири во животната средина. И тоа не било грешка “, наведува проф. Браун.

Ако се погледне радиоактивниот јод, еден од изотопите што се ослободува и предизвикува рак на тироидната жлезда кај луѓето, во несреќата во Чернобил беа ослободени околу 45 милиони кири на таков јод. Професор Браун го споредува ова со надземно тестирање на нуклеарно оружје. „Само за две години тестирање во 1961 и 1962 година, Советите и Американците не ослободија 45 милиони кири, туку 20 милијарди кири радиоактивен јод“.

Дали во забранетата зона има мутанти?

Туристички водичи од местото на настанот велат дека посетителите често ги прашуваат дали денес има мутации во живите суштества во Чернобил. Двоглави волци или стапала со пет нозе? Денис Вишњевски никогаш не видел такво нешто, иако овој научник веќе дваесет години го набудува развојот на биосферата во забранетата зона за луѓето.

Влијанието на јонизирачкото зрачење со одредена веројатност може да предизвика промени во структурата на организмот, но главно со едноставно ограничување на способноста на организмот да (пре)живее. Вишневски потенцира дека животните родени со попреченост и онака не можат да преживеат во природата долго.

 Дали природата веќе ја „преболела“ катастрофата? Фотографиите и извештаите со наративот дека „животот повторно цвета во ограничената област во Чернобил“ даваат впечаток дека се опоравила природата околу реакторот. „Тоа не е точно“, вели Кејт Браун, која ја истражува катастрофата во Чернобил веќе четвртина век.Во црвената зона околу поранешната нуклеарна централа има мали број на  некои видови на инсекти, птици и цицачи. Повремени извештаи дека се забележани загрозени видови во областа не се доказ за „здрава“ околина. Напротив – долгорочните студии кои посматрале животните во многу контаминираните области покажуваат значително зголемување на смртноста, стапките на тумори, пократок животен век, побрзо стареење, промени во крвта, израстоци и други фактори кои го загрозуваат здравјето на животните.Научниците ја објаснуваат разновидноста на животот околу Чернобил со миграцијата на видовите. „Забранетата зона во Чернобил е 2.600 км2. Понатаму на север се наоѓаат уште 2.000 км2 од забранетата зона на Белорусија. На исток и запад се наоѓаат и области кои се ретко населени со луѓе. Затоа тука во Источна Европа имаме огромен простор за одржување на шумската фауна “, вели Денис Вишњевски.Мечки, волци, рисови и други предатори на кои им требаат големи области во потрага по храна се движат тука без страв од луѓето. Забранетата зона е загадена со радијација и 35 години по нуклеарната несреќа. Една третина од оваа област е контаминирана со трансураниумски елементи чие време на распаѓање е 24 000 години.

Дали има луѓе во Чернобил?

Градот Припјат, кој некогаш бил изграден за работниците во нуклеарната централа, како и соседниот град Чернобил официјално се ненаселени.Но, тие места никогаш не биле целосно без луѓе. Од 1986 година, илјадници работници заминаа таму да се грижат за критичната инфраструктура во смени од две недели. Имено, по несреќата во Блокот 4, реакторите во Блоковите 1, 2 и 3 продолжиле да работат до 1991 година, односно во 1996 година и 2000 година. Покрај тоа, специјалните патроли на Министерството за внатрешни работи редовно го контролираат пристапот до забранетите зони. Во градот Чернобил дури има и мали продавници со основни намирници и два хотели наменети за луѓе кои заради работа треба таму да отидат.Но, има и постојано население кое не е заведено во официјалната статистика. Тоа се луѓе кои доброволно се вратиле. Во годините непосредно по катастрофата, тие сами се вратиле во селата од кои биле евакуирани вкупно 115.000 луѓе. Точниот број на овие повратници е непознат.Според проценките од 2016 година, таму имало уште околу 180 повратници. Овие се претежно стари луѓе, а сега сигурно ги има помалку. Властите ги толерираат, дури и добиваат тивка поддршка. На пример, поштарите им носат пензија еднаш месечно, а една мобилна продавница им носи намирници на секои два или три месеци.

Извор: https://www.mojevrijeme.hr/magazin/2021/04/mitovi-i-istine-cernobil-35-godina-poslije/