Мистериозното тешко достапно езеро, кое би можело да биде најдлабоко во Европа, не престанува да ги интригира љубителите на екстремните спортови, но и сите оние кои ја ценат убавината и моќта на природата.

Карстната јама близу Имотски која е исполнета со вода, позната и како Црвено Езеро, со  прекрасна глетка претставува и неисцрпна инспирација за зависниците од адреналин. За многумина ова езеро е интересное токму затоа што не може да се стигне толку лесно до него, и не престанува да ги привлекува љубителите на екстремните спортови.

Едно од најубавите карстни езера во Хрватска и во светот се препознава како природен феномен на далматинското Загорје. Авантуристи од секаков вид со задоволство го посетуваат, а пред една година, Црвеното Езеро беше и мета на украински и француски скокачи со јаже. Тие од врвот на карпата се издигнаваат во воздухот и се фрлаат во големото синило заврзани со јаже.

Со висинска разлика од 528 метри и длабочина од дури 287 метри, според некои податоци, Црвеното Езеро би можело да биде најдлабоко во Европа. Фасцинантната јама своето име не го должи на бојата на водата, туку на специфичните црвени карпи што го опкружуваат.

За овој тешко достапен бисер на Имотски кружат народни приказни и легенди дека е создаден како казна за богатите, а интересна е и приказната за тоа како никој никогаш не успеал да фрли камен во Црвеното Езеро.

„Многу силни луѓе дојдоа овде. Тие трчаа, применија специјални техники на фрлање, но никогаш не се слушнал оној познат звук “буч” кога каменот паѓа во водата “, пишува Croatia.hr.

Далматинскoто Загорје има и други убавини кои се особено интересни за истражување на пролет, кога ќе се разбуди природата: езера, шуми и планини, како и природните паркови кои даваат доволно простор за уживање и восхитување.

Извор: https://nova.rs/magazin/putovanja/tajanstveno-jezero-u-dalmaciji-u-koje-niko-nije-bacio-kamen/?fbclid=IwAR0LPccD5XdBCWI88k60qzimnaTOAOMpQlUES3V8qu4RC3UC_QDUjmXW2MI