Заштитените области се многу важни за зачувување на биодиверзитетот. Се повеќе пари се вложуваат во заштита на одредени области бидејќи на тој начин се зачувуваат нивните природни и културни вредности.

Постојат повеќе од 160.000 заштитени места на планетата Земја, тие заземаат околу 15 % од земјата и 10 % од водата.

Според претходните истражувања, половина од планетата треба да биде ставена под заштита, само на тој начин флората и фауната би биле спасени од истребување.

За да помогне во спасувањето на Планетата Земја и живиот свет на неа, мултимилијардерот Хансјорг Вис вети милијарда долари како помош за проширување на заштитените области.

Според веб-страницата на Фондацијата Вис, овие пари ќе бидат искористени за создавање и проширување на заштитените подрачја. До 2030 година е поставена многу амбициозна цел да се стави под заштита на 30% од површината на земјата.

 „Неопходно е брзо да се зголемат подрачјата што се под заштита, растенија, животни, вода, бидејќи само во тој случај можеме да го заштитиме светот од кој зависиме сите“, се наведува на веб-страницата на фондацијата.

Од започнувањето на кампањата за заштита на природата, оваа фондација донираше 450 милиони за заштита на повеќе од 23,5 милиони хектари земја и 400.000 квадратни метри океан.

Извор: https://www.energetskiportal.rs/milijardu-dolara-za-ocuvanje-30-odsto-planete/