Според вчерашните податоци на Министерството за здравство вкупната бројка на инфицирани со коронавирусот од почетокот на епидемијата достигна 111.077 лица, на оздравени пациенти 96.925, а на починати 3.280 лица. Досега во земјата се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19.

Со вчера регистрираните новозаболени, бројката на активни случаи во земјава достигна 10.872. Во ковид-центрите на територијата на целата држава се лекувале 937 пациенти со Ковид-19, а имало 260 празни болнички кревети. Во деноноќието меѓу четвртокот и петокот биле регистрирани 868 нови случаи на Ковид-19, оздравеле 355 пациенти, а починале 15 лица.

Министерството за здравство посочи дека бројот на приеми во ковид-центрите во изминативе денови е зголемен, поради што е отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.