Ледени топки тешки околу 10 до 12 килограми паднале врз селото Фалзипур Бадли во Индија, а на сите во првиот момент им се чинело дека се почеток на некоја временска непогода.

Бидејќи се слушнала голема бука, помислиле дека паднал метеор. Сепак се чини дека нешто сосема друго е во прашање.

Индиските власти се сомневаа дека огромното парче мраз всушност е заледен измет кој паднал од патнички авион.

Авионите всушност отпадот од тоалетите го фрлаат откако авионот ќе слета на аеродром.

Меѓутоа постои можност отпадот да го испуштат во текот на летот, поради што стравуваат локалните власти.

Локалните истражители испратиле примерок од ледот на анализа за да се утврди дали навистина се работи за човечки измет.

„Тоа било една тешка ледена топка, која предизвика реакции зошто луѓето слушнале дека непто паднало и трчале да видат што се случува“, вели еден од мештаните.