Почетна Новости Македонија Кавадарчани заинтересирани за набавка на субвенционирани енергетски ефикасни грејни тела Јавниот...

Кавадарчани заинтересирани за набавка на субвенционирани енергетски ефикасни грејни тела Јавниот повик завршен за еден ден

0
194

Кавадарчани заинтересирани за набавка на субвенционирани енергетски ефикасни грејни тела

Јавниот повик завршен за еден ден

По најавеното субвенционирање од страна на Општина Кавадарци за набавка на енергетски ефикасни грејни тела, на 06.08.2018 година беше објавен јавен повик до кавадарчани, а поради големата заинтересираност на граѓаните, истиот, заврши до крајот на денот.

Големата заинтересираност беше очекувана и само за еден ден, почнувајќи од девет часот наутро, до вечерта  се пристистигнати дури 103 барања од граѓаните на Кавадарци. Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општината за купување енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година, по утврдување на вкупниот број на поднесени барања утврдила дека 103те поднесени барања го надминуваат бројот на предвидените  во рамки на средствата што се планирани од  буџетот за таа намена – информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Субвенционирањето ќе се одвива по принципот, прв пристигнат – прв услужен, па затоа, поради голем број на пристигнати барања, повикот е завршен. Заинтересираните кавадарчани, кои не успејаа да аплицираат, тоа ќе можат да го сторат подоцна, бидејќи се планира уште еден ваков јавен повик до крајот на годината.

Исто така, Комисијата најави дека при деталното разгледување на апликациите ќе бидат елиминирани оние кои се поднесени од страна на лица вработени во локалната самоуправа и советници во Советот на општината, како и од членовите на нивните потесни семејства, доколку ги има, а се со цел, транспарентност и правичност при распределбата на предвидените средства за субвенции.