На Светскиот ден на животната средина 2021 година, Пакистан како земја домаќин оваа година на своите официјални прослави, повикува на итна акција за заживување на нашите оштетени екосистеми.

Од шумите до тресетите и до крајбрежјата, сите зависиме од здрави екосистеми за нашиот опстанок. Екосистемите се дефинираат како интеракција помеѓу живите организми – растенија, животни, луѓе – со нивната околина. Ова ја вклучува природата, но исто така и системите создадени од човекот, како што се градовите или фармите.

Реставрацијата на екосистемот е глобален потфат во огромни размери. Тоа значи дека со обнова на милијарди хектари земја – површина поголема од Кина или САД – ќе се создадат услови за луѓето да имаат пристап до храна, чиста вода и работни места.

Тоа значи враќање на растенијата и животните од работ на истребување, од врвовите на планините до длабочините на морето.

Но, тоа исто така вклучува многу мали акции што секој може да ги преземе секој ден: одгледување дрвја, озеленување на нашите градови, чистење на ѓубрето покрај реките и крајбрежјета.

Реставрацијата на екосистемите носи значителни придобивки за луѓето. За секој долар инвестиран во реставрација, може да се очекува враќање најмалку од седум до триесет долари во општеството. Реставрацијата, исто така, создава работни места во руралните области каде што се најпотребни.

Некои земји веќе инвестираа во возобновување како дел од нивните стратегии за враќање од КОВИД-19. Други земји се свртуваат кон реставрација за да се помогне општествата да да се прилагодат на климата што веќе се менува.

Извор: https://www.un.org/en/observances/environment-day