Почетна Новости Hyundai со небесен спектакл над Шангај, собори Гинисов рекорд!

Hyundai со небесен спектакл над Шангај, собори Гинисов рекорд!

0
35

На крајот на минатиот месец Hyundai го лансираше својот бренд за луксузни возила – Genesis наменет за кинескиот пазар. По тој повод јужнокорејската компанија направи спектакл на небото над Шангај и постави нов Гинисов рекорд.

Во небесниот спектакл биле искористени 3.300 дронови, со што Hyundai го собори Гинисовиот рекорд по бројот на симултано користени беспилотни летала. На небото дроновите го формираат името и логото на брендот, па дури и 3Д прикази на двата модели на автомобили. Досега рекордот го држеше компанијата Damoda Intelligent Control Technology, која во текот на демонстрација во септември минатата година искористи малку повеќе од 3.000 дронови.

Genesis како бренд не е познат кај нас, но во Азија е бренд кој им конкурира на гигантите како Mercedes, BMW, Audi, Lexus и сл. На кинескиот пазар беа најавени два модели – G80 и GV 80 SUV, кои наскоро треба да се појават во продажба, а најавено е и отворање на луксузен продажен салон во Шангај.


https://www.youtube.com/watch?v=ead2Efblvxk&t=29s

 (фотографии: YouTube – screenshot)