Почетна Зелени технологии Градови-сунѓери за заштита од поплави!

Градови-сунѓери за заштита од поплави!

0
147

Денес сме сведоци на се поголемата опасноста од поплавите кои предизвикуваат големи материјални штети, а многу често се пропратени  и со голем број на човечки жртви. Повеќе од 98% од најголемите градови во Кина редовно се соочуваат со поплави, кои го загрозуваат здравјето на жителите, санитарните услови и безбедноста на водата за пиење.

Со цел заштита од поплавите Кина започна со изградба на градови-сунѓери. Покачување на нивото на водата во морињата и океаните претставува сериозна закана за крајбрежните делови од земјата. Кај градовите-сунѓери  се воспоставува систем на градини и мочуришта, каде со поплочувањето на тротоарите со пропустливи плочки ќе се апсобира вишокот на дождовна вода. Абсорбираната вода преку тунели се складира во подземни резервоари се додека не се повлечат поплавите, за потоа да се испушти во реките или морињата.

Во Кина досега 30 региони имаат потпишано договори за реализација на проектот на трансформација на нивните населени места во градови-сунѓери. Планот е во иднина уште 600 региони да започнот со примена на системот градови-сунѓери, со што во Кина ќе може да се задржи 70% од дождовната вода на простор кој покрива околу 80% од земјата.

https://www.facebook.com/watch/?v=709240692857568