Гибралтар како мала држава со 34.000 жители, успеа да биде пример како прво место во Европа каде, благодарение почитувањето на мерките и вакцинацијата, епидемијата од Ковид-19 во голема мера е надмината. Рестораните работат до доцна во ноќта, а позитивно тестирани на Ковид-19 нема. Укинати се забраните за излегување, баровите и рестораните работат до 2 часот по полноќ, како и пред пандемијата. Шпанските телевизии го посетуваат Гибралтар и зборуваат со луѓето кои чувствуваат олеснување.

Гибралтар врвот на пандемијата го имаше во јануари со 172 нови случаи дневно. Во малата британска прекуморска област од Ковид-19 починаа 94 лица. Вакцинацијата со вакцини од Велика Британија, во малата држава  која се протега на 6,5 km2 се реализирала во многу брз временски рок. За кратко време се вакцинирани речиси сите од кои само 3 % од популацијата одбила да се вакцинира. Освен жителите на Гибралтар, вакцинирани се и повеќе од десетина илјади луѓе кои живеат во Шпанија, но работат на Гибралтар и секој ден патуваат. Во Андалузија, соседниот шпански регион, ситуацијата со коронавирусот и вакцинацијата е во многу тешка состојба.

Иако се смета дека процесот на имунизација е на високо ниво и дека пандемијата е речиси искоренета, управата на Гибралтар е исклучително внимателна, така што маските и понатаму мора да се носат во продавниците.

Неодамна беше одржан и бокс меч на кој присуствувле 500 гледачи, целосно вакцинирани и тестирани со брз тест за коронавирус.

Во Гибралтиар веќе функционира еден вид ковид-пасош.