Галебите се честа глетка долж бреговите ширум светот и обично може да се видат како летаат или се одмараат на површината. Но, она што е сигурно, оваква глетка нема да можете често да ја гледате, а тоа е галеб да ги прави двете работи одеднаш.

Видео што се појави на социјалните мрежи покажува дека галеб буквално се вози на грбот на друг галеб во лет, исто како патник кој пронашол нов и поедноставен начин на превоз.

„Гледам птици со години, но првпат го гледам тоа“, изјави за Додо, Питер Рок, кој ја снимил оваа необична сцена.

“Ова е позицијата што галебите ја заземаат за парење. Тие очигледно најдоа нова поза”, се пошегувал тој.

Извор: https://www.index.hr/ljubimci/clanak/kamera-snimila-galeba-kako-leti-na-ledjima-drugog-galeba-video-je-hit/2272982.aspx