Со користење на комбинација на локално достапни природни и рециклирани материјали од отпад, во Naked Gallery ресорт во Кина изградени се eco –friendly павилјони.

Xiaohui Designer Studio го дизајнираше комплексот како eco – friendly простор кој вклучува 75% одржливи и обновливи материјали, 75% материјали што може да се рециклираат и 75% материјали кои завршуваат како отпад од работата на локалните занаетчии.

Ресортот е изграден од собрани материјали од отпад, што придонесува да се намали продукцијата на отпад и да се намали влијанието на архитектурата врз животната средина.

Локалните занаетчии го изградиле комплексот користејќи традиционални градежни техники кои помогнале да се намалат трошоците за изградба и да се зголеми ефикасноста во градењето. Всушност, трошоците за транспорт и градежниот отпад се намалиле за 90% за време на процесот на градење.