Поради глобалното затоплување, поплавите во Европа ќе станат сè почеста појава, дури и ако светот успее да го ограничи порастот на температурите на 1,5ºC, предвидуваат научниците во студијата објавена во магазинот „Клима“.

Авторите на истражувањето предвидуваат три сценарија: глобално затоплување од 1,5ºC до 3ºC во однос на прединдустрискиот период.

Најоптимистичкото сценарио за глобалното затоплување предвидува дека штетите предизвикани со излевање на реките во Европа двојно ќе ги зголеми износите, на околу 15 милијарди евра годишно, а бројот на лица загрозени од природните катастрофи ќе порасне за 86 отсто, односно 650.000 годишно.

Според најлошото сценарио, ако температурата се зголеми за 3ºC, штетата ќе биде 145 отсто поголема, односно 17 милијарди евра годишно и ќе загрози 780.000 лица (што значи пораст за 124 отсто).