ReTuna Återbruksgalleria е трговски центар во шведскиот град Eskilsuna, 100 km западно од Стокхолм кој е целосно посветен на поправање на расипани стоки и рециклирање за нивна повторна употреба.

Отворен е во 2015 година и има 14 еко продавници за спортска опрема, облека, компјутери, мебел, играчки, како и ресторан, изложбен простор, конференциски сали, па дури и колеџ за обука за рециклирање.

Вработените во депото за рециклирање ја пресретнуваат влезната стока, како што луѓето ја оставаат, која инаку би завршила на отпад, а потоа ја селектираат оставајќи ги настрана оние предмети што можат да бидат поправени и рециклирани. Сите производи и предмети што овој шопинг центар ги прифаќа за рециклирање мора да бидат еколошки.

Потоа овие предмети се пренесуваат во работилници каде треба да се обноват и продаваат во специјализирани продавници за сѐ, од мебел и градежни материјали до компјутери и облека.