Денес недела, 28 ноември без вода за пиење ќе бидат дел од улиците „Ацо Караманов“, „Караорман“, „Периша Савелиќ“, „Ловќенска“ – со под улиците 3,5,7 и 9, како и дел од „Загребска“. Исто така без вода ќе биде и ЈЗУ Болница Козле, претседателските вили и сите дипломатски претставништа лоцирани на наведените улици. Ова го истакнуваат од ЈП „Водовод и Канализација“-Скопје, каде се наведува дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.