Вечерва, со почеток во 20:30 часот ќе се одржи “Часот на планетата Земја”, а во рамките на одбележувањето на “Часот на планетата Земја”, од 19:30 часот ќе се одржи и првата дигитална климатска конференција. Темата е “Дали природата го возрваќа ударот?”. Конференцијата може да се следи на следниот линк: https://virtual.earthhour.mk/

Во над 8.000 града и во преку 180 држави ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија одбележувањето ќе го означи гасењето на светилките и едночасовна темница. Ова е со цел испраќање на заедничка порака за спас на Планетата Земја и предупредување за климатските промени.

Тесната поврзаност помеѓу уништувањето на природата и појавата на светската пандемија со корона вирусот – КОВИД19, “Часот на планетата Земја” и “Светскиот фонд за природа” (WWF), оваа година светскиот едночасовната темница ќе ја искористат за да алармираат дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина и иднината на Планетата Земја.

Македонија 12 години по ред активно е вклучена во еколошката акција за спас на Земјата. Од локалната канцеларија на акцијата во Македонија, истакнуваат дека поради пандемијата, оваа година настанот ќе се одбележи виртуелно и повикува акцијата да ја префрлиме од улиците во нашите домови, со тоа што ќе ги исклучиме непотребните светилки во период од еден час.

Извор: Earth hour Macedonia