Во германските ланци на супермаркети „Лидл“ и „Алди“  започна да се продаваат брзи тестови за коронавирус. Резултатите од тестовите се познати за само 15-20 минути. Поради големиот интерес на граѓаните, уште пред да се отворат продавниците се формираа долги редици од луѓе кои сакаа да го купат тестот.

Овој пакет на корона тест содржи пет теста, кои се продава за 22 евра во супермаркетите на “Лидл” и за 25 евра во супермаркетите на “Алди”.

Во меѓувреме и  другите маркети и аптеки најавија дека ќе започнат со продавање на овие тестови. Меѓу нив е и познатиот германскиот ланец на супермаркети и аптеки “DM”, од каде  најавуваат дека продажбата на тестовите ќе започне на 9 март.

Министерот за здравство на Германија г-дин  Спан на својот Твитер објави дека, Германија обезбедила околу 800 милиони тестови за само-тестирање и околу 150 милиони брзи тестови за своите граѓани.