„Грин машинс“ е брендот на „Брако“, кој денес беше промовиран во кругот на фабриката како возило за чистење на улици и јавни површини. Ова возило претставува еколошка машина која целосно работи на водород и воопшто не испушта јаглерод диоксид. „Грин машинс“, како гориво користи водород (хидроген) што е складиран во сад под екстремно висок притисок, кој заедно со кислородот од воздухот напојува горивна ќелија која генерира електрична енергија што се користи за напојување на електромоторите на возилото.

Покрај  „Грин машинс“, во „Брако“  е изработен и камионот GM995, кое што ќе биде најголемото возило што се произведува во оваа компанија. Дополнително, компанијата вложи осум милиони евра во нови производствени капацитети, што претставува значаен исчекор во време на глобална пандемија.

„Брако“, со своите 15 инженери, кои соработуваа со колеги од Холандија, го креира еколошкото возило за чистење кое што исп

ушта вода, но не и издувни гасови кои што ја загадуваат животната средина. Амстердам, Утрехт и Ротердам се првите градови што ќе ја одржуваат хигиената со моделот GM 500H2 на „Грин машинс“, а интерес за ова возило има во САД, Велика Британија, Јапонија, и во скандинавските земји.

На промоцијата приствуваа и премиерот на македонската Влада Зоран Заев со неколку министри. Првиот човек на „Брако“, Кочо Анѓушев покрај другото истакна: “Навистина сум горд што денес можеме да ги промовираме овие возила, пред сѐ, возилото на водороден, хидрогенски погон кое што е комплетно развиено како најнова технологија што е иднина во светот. Исто така, горди сме што во „Брако“ во Велес се произведе машина за чистење и метење улици, со големина и капацитет што се први во светот. Сето ова е резултат на 60-ина инженери што работат во „Брако“, односно на 150 инженери кои што се дел од групацијата „Фероинвест“, која што вработува повеќе од 1.000 лица”.

Иднината на македонската индустрија се производите со поголема додадена вредност. За да се произведуваат такви извозно ориентирани продукти што можат да се продаваат во целиот свет, потребно е компаниите да го поседуваат највисокото ниво на технологија и да имаат агресивен маркетинг. Токму ова веќе 20 години го применуваме во „Брако“, а овие возила се резултат на овој принцип на работа – потенцираше Анѓушев.