Астероид 3200 Фаетон наскоро ќе помине до нашата планета доволно блиску, што Центарот за помали планети Меѓународната унија на астрономи го оквалификува како „потенцијална опасност“.

Американската вселенска агенција НАСА очекува дека Фаетон ќе биде најблику до Земјата на 16 декември на оддалеченост од десет милиони километри, што е околу 27 пати просечна дистанца меѓу нашата планета и Месечината (384.400 километри).

Фаетон е долг околу 5 километри, па затоа ќе биде трет најверојатно најопасен астероид што доаѓа во близина на сината планета.

Податоците од НАСА покажуваат дека ова ќе биде најблиско поминување на Фаетон покрај Земјата од 16 декември 1974 година кога пролета на само осум милиони километри. Луѓето тогаш не биле свесни за неговото присуство – Фаетон бил откриен дури во 1983 година.

Ова е најблискиот премин на Земјата од откривањето на астероидот и е добра можност за набљудување и детектирање на нови активности, соопшти американската агенција.

Научниците не очекуваат дека ќе биде доволно блиску до нас до 2093 година кога aстероидот покрај Земјата ќе помине оддалечен само околу три милиони  километри, јави Блиц.

За време на следниот премин Фаетон може да биде видлив со помош на помал телескоп на темното небо.