АЛАРМАНТНО аерозагадување во Скопје

0
152

Скопје и денеска е најзагаден град во државата. Согласно мерењето на квалитетот на воздухот во Република Македонија од Министерството за животна средина и просторно планирање, мерните единици покажуваат енормно зголемување на ПМ10 честичките, такашто утрово во 09:00 часот измерени се  272 µg/mкај Ректорат, 230 µg/m3 во Центар, 214 µg/mво Карпош, 210 µg/m3 во Гази Баба и 192 µg/mво Лисиче.

Во услови на висока загаденост на воздухот се препорачува излегување надвор само по потреба и избегнување подолга изложеност на отворено. Излегување без посебна потреба не им се препорачува особено на мали деца, стари лица и бремени жени.