“Центарaлна лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање, официјално го доби сертификатот за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија, при што сертифицираше 7 методи за тестирање, од кои 6 се за квалитет на вода и 1 методa за бучава”, изјави денес министерот Нуредини.

Во наредните фази е планирана и акредитација на методи за квалитет на воздух, а во Буџетот за 2021г. се обезбедени средства за набавка на инструмент за мерење на емисии од стационарни извори, за што во најскоро време ќе се поведе постапката за набавка.

Нуредини исто така потенцираше дека, “го очекуваме пристигнувањето на инструментот кој користи нуклеарни технологии за анализа на составот на PM честичките (X-RayF), вреден 61.700,00 евра, а обезбеден како донација од Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) од Виена“.